Еднодневен делничен пакет со појадок во комплекс Русковец Резорт, Добриниште

- SKOPJE- групни намалувања, групни понуди и попусти на едно место

Добриниште е прекрасна комбинација од алпска природа, бањи и атмосфера на типично традиционално место. Оваа уникатна комбинација го претвора од село со богата историја во преспективно одморалиште. Балнеолошките традиции за лекување во Добриниште датираат од антички времиња. Градот има свои скијачки патеки и лифт, модерни градини со игралишта, аптеки, продавници, а исто така и многу познати таверни. Градот има голем потенцијал да се претвори во модерен СПА и ски центри. Четириѕвездниот хотел "РУСКОВЕЦ РЕЗОРТ" се наоѓа во туристички град, кој се наоѓа во еколошки чист регион и на исклучително убаво место во градот Добриниште, од каде што се открива неверојатна глетка кон најубавиот дел на Пирин. Овој нов и модерен хотел е лоциран само 5 км од ски одморалиште Банско и на 7 километри од голф терените  Ian Woosnam во Разлог. Комплексот се состои од 22 едноспални и 11 двоспални супериор апартмани, распоредени на 4 спрата во главната зграда на хотел, меѓу 12 самостојни луксузни вили и нуди удобност, спокојство и нега за убавината и здравјето во секоја сезона. Комплексот е опкружен со борова шума и поседува сопствен бањи со лековити својства за заболувања на локомоторниот апарат, кожни, невролошки, гинеколошки и други видови краткотрајни и долготрајни проблеми со здравјето. Хотел "Русковец Резорт" е создаден за вашиот одмор и задоволство, и располага со: Внатрешен минерален топол базен со детска зона со температура на водата 33-35 степени СПА центар Фитнес центар Бизнис центар Детски клуб Ресторан "ЛАВЕНДЕР" Ресторан - Пицерија "ИЛ ФОРНО" Лоби Бар Ноќен клуб "ВИОЛЕТ" Интернет 24-часовно обезбедување и видео надзор Обезбедуван паркинг Пејзажен дизајн на внатрешниот парк во комплексот Junior Suite: 60 кв.м Хол со трпезарија и кујнско катче Една спална Тераса со поглед кон планината Една бања со санитарен јазол Климатизација, LED телевизор, сателитскаа телевизија, електричен бокал за чај и кафе, мини бар, телефон и мини-сеф Senior Suite: 80 кв.м Хол со трпезарија и кујнско катче Две спални Тераса со поглед кон планината Два санитарни јазли Климатизација, LED телевизор, сателитска телевизија, електричен бокал за чај и кафе, мини бар, телефон и мини-сеф Comfort Family Villa: 118 кв.м Хол со трпезарија, кујнско катче и панорамска тераса Две спални, едната е со тераса Бања со када, туш кабина и тоалет Тоалет Климатизација, LED телевизор, сателитска телевизија, микробранова печка, фрижидер, електричен бокал, телефон и мини-сеф Сопствен покриен паркинг

« Сите попусти (696)

Понудата е успешна!