Еднодневен пакет со појадок и вечера + лифт карта за ски зона Добриниште во Хотелски Комплекс Аспа Вила, с.Бања - Банско Р. Бугарија

- SKOPJE- групни намалувања, групни понуди и попусти на едно место

Хотелот располага со 41 просторија - соби и апартмани: - 18 стандардни соби – 28 метри  квадратни со купатила со туш кабини; 4 апартмани - по 70 метри квадратни, во кои има самостојни спална и дневна соба, преодна просторија и две купатила, кон секоја од собите во него, како и со широка тераса со поглед кон борова шума; Просториите располагаат со мека и удобна мебел, телевизор, стерео и мини бар, бесплатен безжичен интернет. Модерното осветлување е професионално и во согласност со целокупниот ентериер. Ресторанот е со 150 места и располага со камин, скара, ражен  и фурна. Пространа тераса отвора прекрасен поглед кон планините.Менито на ресторанот вклучува вкусни европски јадења и класичен бугарски јадења, избрани локални специјалитети и широк избор на бели и црвени вина. Базен-барот работи преку  летото и нуди пијалоци за секој вкус. Во останатото време  на располагање на нашите гости е нашиот лоби бар. Хотелот е покриен со широкопојасен безжичен интернет. Хотелот располага со отворен минерален термален базен, отворен преку целата година со просечна температура од 39 степени и четири самостојни джакузи-кади   со минерална вода, со можност за користење во текот на целата година. По желба на гостите на СПА ХОТЕЛ »АСПА ВИЛА» единствена лековита минерална вода може да биде искористена и директно во собите на хотелот. Уникатна за природата  на село Бања е присуството на минерални извори, со температура на водата 58 C. Минералната вода е одлично средство  за превенција на разни болести на локомоторниот систем, а исто така хронични гинеколошки заболувања, воспалителни болести, болести на нервниот систем, формирање на камења во бубрезите, болести на жолчката, кожни заболувања, воспаленија на дишните патишта. Минералната вода се користи за лекување на локомоторниот систем, нервниот и репродуктивниот систем, а исто така и за кожни проблеми. Својствата на водата се користи и за превенција на остеопороза. Карактеристичен  квалитет на водата е нејзината енергија - по водните процедури се зголемува тонусот и човек се чувствува бодар. СПА центарот во хотелот "Аспа вила" е опремен со парна бања, сауна, тангентор, фитнес и масажен кабинет.Служителите во  СПА центарот за секој гостин може да подготват   индивидуален пакет процедури со тангентор, бисерна када, аромотерапија, чоколадо  и винска терапија, парна бања и класични масажи. Конференциската сала располага со 80 места и е соодветно место за организирање на семинари, конференции и бизнис состаноци. Со цел целосно и пријатно искористување  на времето поминато во СПА ХОТЕЛ "АСПА ВИЛА" на располагање на гостите се: Пинг Понг, билјард, табла, шах, велосипеди. Хотелот располага со детско катче во непосредна близина да ресторанот каде родителите спокојно  можат да ги остават своите деца. Хотелот располага со сопствен превоз, што дава можност за транспорт на гостите до првата станица на ски лифт во гр. Банско, како и за организирање на екскурзии до природни, културни и историски знаменитости во регионот. Природните и климатските услови и ресурси во регионот нудат можности за развој на зимски и летен планински туризам, како и на балнеотераписки туризам.  

« Сите попусти (538)

Понудата е успешна!