Еднодневен пакет за двајца со појадок + користење на СПА услуги во Парк Хотел Олимп****, Велинград

- SKOPJE- групни намалувања, групни понуди и попусти на едно место

Економична соба - 21 кв.м. Спална - Секоја од нив е опремена со индивидуален клима уред, мини бар, телефон, кабелска ТВ, LCD телевизор, безжичен интернет, бања со туш, тераса со маса и столчиња. Двокреветна соба - 33 кв.м. Два одделни кревети (со можност за спојување) Секоја од собите е опремена со индивидуален клима уред, мини бар, телефон, кабелска ТВ, LCD телевизор, безжичен интернет и тераса со маса и столчиња. Бањите во собите имаат туш кабина. Студио - 37 кв.м. Општа соба со спална, без врата (со можност за поделба на душеци) Секое студио е опремено со индивидуален клима уред, мини бар, телефон, кабелска ТВ, LCD телевизор, безжичен интернет и терасас масичка и столчиња. Бањите во студио се со туш кабина.   СПА и Велнес: ја надополнуваат привлечноста на нашите понуди. Спа центарот Олимп располага со сектор Хидротерапија, снабден со модерни Хидро Аеро бањи, коишто се подесуваат да работат со воздух, вода или и со двете, при што како песледица се добива неверојатна подводна масажа со минерална вода и некое од лековитите масла, за постигнување на полниот ефект. Спа центарот Олимп располага со високо кфаливикувани специјалисти кои се грижат за здравјето на гостите на комплексот- рехабилитатор, кинезитерапевт, козметичари и масери. Третманите за време на одморот се прават по консултации со дадениот специјалист, и се подготвува индивидуална програма според потребите на клиентот. Базен: Уште една придобивка за прекрасен одмор. Парк хотел Олимп ја добива минералната вода од квартал Чепино- водата е со елементот Радон, ниско минерализирана. Минералната вода е погодна  за болести на мускулно скелетниот систем,болести на  зглобовите и мускулите, заболувања на периферниот нервен систем како и за сеопфатна релаксација за напрегнати и луѓе  под силен стрес. Поради слабата минерализација и умерената температура / 33 ° / водата е применлива дури и за деца и возрасни луѓе. Таверна Олимп: за љубителите на паузи со екзотика- автентичната атмосфера во таверна "Олимп". Почувствувајте Бугарскиот дух, јадете сочно месо на жар, полнето јагне, чеверме, Велинградска капама, рачно сукани пити и баница,и многу други кулинарски специјалитети, oркестар со жива музика. Капацитет 80 места. Класичен ресторан: Ресторан "Олимп '' располага со 120 места. За нашиот Главен готвач ќе биде задоволство да приготви за Вас, како традиционални локални јадења, така и јадења од европската и светска кујна. Нудиме исто така и различни диетални и вегетаријански јадења. Во сите празнични денови, за доброто расположение се грижат гостувачки фолклорни и вариете програми. Лоби бар: Удобниот Лоби бар е идеалното место за целосна рекреација за шоља кафе или модерен пијалок. Овде можете да ја вкусите домашно направената Медена торта “Олимп” и многу други слатки искушенија. Уживајте во чистиот воздух и прекрасната панорама, којашто се открива од Летната тераса на нашиот Лоби бар. Капацитет: 60 внатрешни и 50 надворешни места. За Децата: Внатрешно и надворешно детско катче со аниматор, бејбиситер, предлагаме дестко мени во нашиот ресторан, а исто така организираме и детски родендени и забави.  

« Сите попусти (663)

Понудата е успешна!