Еднодневен пакет за двE, три или четири лица со појадок во Замокот Хорлог, Триград - Бугарија

- SKOPJE- групни намалувања, групни понуди и попусти на едно место

Замокот е изграден на два спрата плус приземје. На приземјето се наоѓа рецепцијата и ресторанот. На првиот и вториот кат се наоѓаат просториите за сместување. Просториите за сместување се: - Четири двојни соби; - Една луксузна двојна соба со канапе и дневен престој; - Два апартмани на две нивоа; - Еден луксузен апартман на две нивоа со една спална и дневна со камин; - Еден Делукс апартман на едно ниво со една спална и дневна со камин. Секоја од просториите за сместување располага со сопствена бања и тоалет. Собите имаат заедничка тераса со поглед кон реката. Објектот располага со внатрешен заеднички балкон за пушење и рекреација. Ресторанот во моментов е со капацитет - 40 лица, а на крајот на летната сезона ќе биде проширена внатрешнио дел со уште 40 места и тераса за уште 40 места, или капацитетот на ресторанот се очекува да достигне 120 места за седење до септември годинава. Во истиот период се очекува изградба и на скара во дворот на ресторанот, како и на детско катче. ХОТЕЛ ХОРЛОГ предлага за своите гости: - Вкусни родопски специјалитети по претходна нарачка; - Бројни еко патеки со различно ниво на проодност; - Можност за директно набљудување на исклучително ретката птица " Планинска карполазачка" на само 500 метри од хотелот; - Можност за набљудување на карактеристични за регионот животински претставници директно од балконот на хотелот / дивокоза, срна, а понекогаш дури и мечка /; - Можност за практикување на јога во месноста "Хорлог", за која се верува дека е енергетски портал кон вонземни димензии; - Неверојатни природни предели и глетки; - Атрактивни дестинации за љубителите на пештерски туризам; - Екстремни доживувања: жичарница на "Тарзан"; пловењето пред портите на пеколот; оф-роуд прошетки до месностите "Ѓаволски поглед", "Орлово Око", "Чаирски езера" и други; "Виа Ферата" / искачување по стрмна камена патека / до "Арамиската" пештера; - Во непосредна близина на хотелот се наоѓаат музеј на мечката и музеј на рибата; - Изнајмување велосипеди; - Услови за лов и риболов; - Јавање коњи; - Вкусни родопски и други национални јадења; - Пријатна атмосфера создадена од интересните архитектонски решенија на зградата со визија на замок и од волшебниот внатрешен ентериер.  

« Сите попусти (500)

Понудата е успешна!