Пакети со појадок, појадок и вечера или појадок, ручек и вечера во Туристички Kомплекс Дивеците, с.Ичера - Р. Бугарија

- SKOPJE- групни намалувања, групни понуди и попусти на едно место

Ичера - мало село со впечатлива архитектура во пазувите на Сливенскиот Балкан во близина на живописните преродбенски села Жеравна, Медвен, Котел и Катуниште. Најраните траги за појавата на селото водат кон средновековната тврдина "Сикера" од IV - V век. Од називот Сикера потекнува и денешно име на село Ичера. Селото е често ја менувало својата местоположба, за што зборуваат наодите и различни имиња на локациите: Манастирот, Дивеците, Селски дол, Черковенски ‘рт, Маалски ‘рт. За време на Руско-турската војна во 1828-29 година голем дел од полски селани во Сливенско биле принудени да ги напуштат селата поради палењата на Турците, одмаздуваќи се за поддршка на Бугарите за руската армија. Едно од овие села било село Матеј. Повеќето од матејчани емигрирале во Русија, но четири семејства останале во Ичера (каде што поминал караванот). Во селото имало најразлични занаети: шумски работници, килимари, ковачи, колари, калајџии, собаџии, бочвари, столари, кројачи, кондуарџии, сарачи, бербери, воденичари, фурнаџии, касапи ... Во Ичера било силно развиено сточарството (одгледување на овци, кози, добиток, свињи). И покрај каменитиот терен во околината на селото има и земјоделство. Се одгледува јачмен, пченка, овес,  пченица, 'рж, грав, леќа, трска, сончоглед, компир. Ичера е соодветно место за селски туризам, одмор и рекреација како во зима така и во текот на летото.  

« Сите попусти (635)

Понудата е успешна!