Четиридневен пакет со појадок и вечера + четиридневна лифт карта во Хотел Добриниште

- SKOPJE- групни намалувања, групни понуди и попусти на едно место

Хотел "Добриниште" располага со апартмани, двокреветни и трокреветни соби со капацитет од 130 легла. Собите се опремени со бања, телефон и кабловска телевизија. На располагање на гостите се лоби бар, летна тераса и пространа таверна со автентична самобитна атмосфера. Во неа може да уживате  во традиционални национални јадења, жива музика, квалитативна услуга  и комфор. Погодна за свадби, семејни и групни прослави, таверната е единствената во регионот со над 200 места. Зона за скијање Зоната за скијање е со највисока точка при планинарскиот дом "Безбог" - 2240м. и најниска кај планинарскиот дом "Гоце Делчев" 1412м. Вклучува два лифта со вкупна должина 3200 метри., 3 ски влекачи - 2 кај  почетна станица и еден на Безбог; гардероба за скијање; училиште за скијање. Одлични услови за почетници скијачи, така и за напредни, а исто така и за сноубордисти. Патеката е со должина 5км., широка е 25-30 м. и со денивелација  826 м;. За скијачи почетници, како и за децата идеално место е областа околу планинарскиот дом "Безбог",  како и делницата кај почетна станица на жичарницата. Гардеробер за скијање При почетна станица на жичарница на располагање е ски гардеробер опремен со сета потребна опрема  за скијачи и сноубордисти. Просторијата е пространа и удобна за опремување, а  осигуруваме  е и одржување на опремата за скијање. Училиште за скијање За вашите прв чекори врз скиите или даската за сноубординг се грижат професионални инструктори. Обуката може да биде индивиуална или во група. Хотел "Добриниште" 1 * е лоциран во центарот на градот Добриниште и е дел од Скијачкиот  комплекс "Добриниште", кој ги вклучува уште планинарскиот дом "Гоце Делчев", во месноста "Логовето" на 1412 м.н.в. и планинарскиот дом  Безбог сместена на брегот на Безбожкото Езеро на 2240 м.н.в. Хотелот е почетна  база за скијачки туризам во зима и за многу туристички правци во текот на летото, до едни од најубавите месности во Пирин планина.

« Сите попусти (843)

Понудата е успешна!