Еднодневен пакет со појадок и вечера + СПА во Хотел Бохема SPA***, Огњаново

- SKOPJE- групни намалувања, групни понуди и попусти на едно место

Хотел Бохема SPA *** располага располага со 2 апартмани, 4 трокреветни соби, 14 двокреветни соби, 3 базени (хидромасажен 40 степени, детски 36 степени и за пливање), сите со минерална вода за лековити цели, паркинг, ресторан, лоби бар, маса за пинг понг, бадминтон игралиште, велосипеди за планински велосипедизам, летниковец за празнични вечери и професионален рехабилитатор. Сите соби се опремени со телевизори, бања и тоалет, спална, ноќно шкафче и огледало (за двокреветна соба / апартман има фрижидер). Собите со балкони се со поглед кон базените и реката Канина, која минува низ селцето. Ресторанот на хотелот Бохема служи различни бугарски јадење, како и дневен појадок. Ресторанот располага со сала од 60 места, која може да се користи како конференциска сала или за семинари. Летната градина располага со 30 места, како дел од нив се наоѓаат во близина на базенот, а од страната на градината се наоѓа реката Канина. Во деноноќниот лоби бар се служат ужинки и пијалаци. Постои тениско игралиште и мини фудбалски терен на само 6 минути со автомобил. Локалните знаменитосни ги вклучуваат селата со зачувана предродбенска архитектура Лештен и Ковачевица,до  кои може да се стигне со автомобил за 30 минути.

« Сите попусти (815)

Понудата е успешна!